Секој родител би требало да знае дека…(1 дел)

1. Вие сте јунак за вашето дете. Посилни сте од Супермен, Бетмен и Спајдермен заедно. Ако ги тепате своите деца ја уништувате сликата за херојството.

2. Сите се бориме и сите отпочеток се пронаоѓаме себе. Секој од нас понекогаш сака да се откаже. Држете се до добрите работи и квалитетните односи, а кога ќе западнете во тешкотија, сетете се дека и тоа ќе пројде, како и се досега.

3. Духовитоста можеби нема да ве спаси, но ќе ја чува вашата психа. Насмевката е излез од многу ситуации.

4. Секој ден ќе имате чувство дека нешто важно сте пропуштиле. Како да сте биле нетрпелив, како да сте биле погрешно разбран, сте биле прегруб… Можеби сте во право. Извинете се ако имате потреба, а потоа продолжете понатаму…

5. Плачење, галење, потрага за внимание, објаснување, смеа, неред, хистерија, страв…Сето тоа е дел од родителството и се е вредно за жртва.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

children-parent

6. Фамилијата е важна, дури и кога не е совршена, а никогаш не е.

7. На крајот ги губиме силата,трпението и перфекционизмот, притоа полека чувствувајќи замор . Тогаш љубовта не крева и повторно се е подобро. Потоа,  повторно напорно…Па, љубовта освежува.

8. Никогаш нема да зажалите што сте родител. Освен можеби оние ноќи кога вашето бебе упорно плаче, или кога не можете да го натерате вашето дете да стане од креветот, а ве чека важен состанок. Генерално, нема да зажалите.

9. Родителството е како качување по висока планина. Барате одмор. Тоа е место каде црпите енергија, дишете и се прилагодувате на условите. Базата е она што го чини искачувањето возможно.

10. Никогаш не сте сами во светот на родителите. Тука се најблиските, примерите, магазините, искуствата… Никогаш не сте сами!

…Продолжува утре…

- Реклама -