Како капките вода можат да излезат од лавиринт? (видео)

Сигурно некогаш ви капнала вода на риглата додека сте готвеле и сте имале прилика да го видите Лајденфростовиот ефект во акција. Кога капка течност ќе ја допре површината што е со далеку повисока температура од точката на вриење на водата, слој од пареа се формира под капката, дозволувајќи и да избега и да се лизга наоколу како деформиран хокејски пак.

Она што веројатно не сте го знаеле, е дека браздестите површини можат да ги наведат капките да се движат во одреден правец, па дури и да избегаат од лавиринт. Погледнете едно од највозбудливите видеа во науката и бидете воодушевени.

- Реклама -