Nokia Lumia 525 e уште еден смартфон за сите купувачи

Под брендот Nokia ќе биде пласиран уште еден смартфон од ниската класа по многу достапна цена за сите купувачи, а тоа ќе биде новиот Nokia Lumia 525 кој ќе работи на оперативниот систем Windows Phone 8.

Претходно Nokia имаше огромен пазарен успех со Nokia Lumia 520 кој се смета за еден од најпродаваните Windows смартфони досега, па логичен чекор е да видиме негова нова надградена верзија која повторно ќе се натпреварува во истата категорија.

Nokia-Lumia-525 (1)

Nokia Lumia 525 подолго време низ технолошките кругови се водеше под кодното име Glee и речиси сите очекуваа смартфон од ниската класа, кој нема премногу да се разликува од неговиот претходник Nokia Lumia 520. Смартфонот ќе биде претставен на крајот на овој месец во Абу Даби.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -