Клучен предуслов за физичка активност на отворено

Доколку спаѓате во групата луѓе што сакаат физички да се активираат и да се рекреираат на отворено, треба да знаете дека основен предуслов за квалитетно вежбање е чистиот воздух.

Лицата кои практикуваат физичка активност во надворешни градски услови вдишуваат 10 пати повеќе воздушни загадувачи, отколку оние кои спортуваат во затворена просторија. Без разлика дали станува збор за трчање, возење велосипед или практикување на водни спортови, секаква активност која се практикува со поголем интензитет, бара од вас да дишете подлаболко, а со тоа пак значи дека внесувате повеќе воздух, отколку при мирување.

Дури и умерената активност, како што е брзото одење, може да ја зголеми количината на вдишаниот воздух, а со тоа и количината на штетните загадувачи. Како што вдишувате и издишувате низ уста, некои од загадувачите навлегуваат длаболко во белите дробови, прескокнувајќи ги носните патишта, кои се природен воздушен филтер на организмот.

Симптомите кои се манифестираат се во вид на непријатна кашлица, стегање во градите или јадеж во грлото и др.

Но, ова не значи дека треба да се затворите во салите за вежбање. Наместо тоа, секој пат кога ќе ви се укаже можност заминете на некое ридско-планинско место каде што воздухот е чист, или пак доколку постои рекреативно место во близина на вашето живеалиште нека ви биде дестинација да си ги наполните батериите и да се одморите од градската гужва и густиот сообраќај. Природната почва дава поголем предизвик за мускулите и овозможува подобро одржување на рамнотежата отколку машините за вежбање.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -