Дали Phonebloks е смартфон на иднината? Бидете подготвени за еден телефон засекогаш

Замислете смартфон кој се прилагодува на Вашите потреби: обезбедува повеќе енергија од батеријата кога е потребно, промена на екранот кога ќе се расипе. Ова е сонот на холандскиотдизајнер Dave Hakkens и тој планира истиот да го направи реалност.

phonebloks

Ви го претставуваме Phonebloks, смартфон со слична концепција како лего коцките, со можност за менување на деловите од телефонот. Компонентите се:

батерија
камера
wi-fi
антена
и многу други

Смартфонот во моментов е само идеја, но добра идеја, со оглед на тоа дека технолошките уреди на пазарот не се направен за да траат.

Решение за проблем

Проблемот кој овој уред се обидува да го реши е електорнскиот отпад во кој во последно време доста добар дел учествуваат смартфоните. Во повеќето случаи кога уредот ќе се расипе, потребоно е да се смени само еден дел, оштетена камера, чип… Сепак тешко е да се сменат само некои делови, па најчесто поради ова смартфоните треба да се фрлат. Phonebloks нуди едноставен начин да се заменат старите и расипани делови на телефонот и да го прилагодите на потребите. Отпад ќе има, но во помали количини и за подолг период.

Дали овој проект ќе биде блокиран од недостаток на средства или недостаток во напредокот на технологијата, останува да дознаеме. А прашање е и како ќе биде прифатен од светот. Многумина се осмелуваат да анализираат, но никој нема конечен одговор.

[youtube]http://youtu.be/oDAw7vW7H0c[/youtube]

Ви се допадна идеата. Посетете ја веб страницата на Phonebloks и поддржете го овој уред.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -