Genius безжично глувче кое го полни вашиот мобилен уред

Компанијата Genius, која произведува најчесто хардверски делови за вашиот компјутер и разни видови на гаџети, претстави една нова хибридна иновација на глувче со вградена батерија со која можете да го полните вашиот мобилен.

Уредот е именуван како Genius Energy Mouse, кој претставува комбинирано класично безжично глувче идеално за секаков вид на работа на компјутер, со вградена литиум-полимерска батерија со која можете да го полните вашиот мобилен уред.

mouse-charger2

Според Genius оваа комбинација штеди простор при патувањата и добро ќе им дојде на сите оние кои при спремањето на патните торби одсекогаш се двоумеле што да внесат, а што да остават дома. Не мора да се грижите дека со користењето на глувчето ќе ја потрошите батеријата на истото,затоа што Genius Energy Mouse има вградена и засебна мала батерија која се користи исклучиво за напојување на глувчето додека е во употреба.

И едната и другата батерија се полнат по пат на приложениот micro USB кабел. Батеријата за полнење на мобилните уредиима капацитет од 2700 мега-ампери, што значи дека со неа можете до крај да ги наполните и моделите со најголем капацитет батерија кои денес се наоѓаат на пазарот, а исто така може да послужи и како полнач и на MP3 плеерии кај останатите помали гаџети. Посебниот LED индикатор вграден во глувчето го покажува статусот на наполнетост на батеријата.

[youtube]http://youtu.be/-is0dI2Kk9g[/youtube]

Genius Energy Mouse е достапен во четири бои (металик сина, металик црвена, сребрена и виолетова).

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -