„The Dressman“ – робот што ќе ве замени во пеглањето кошули

Пеглањето е една од најомразените обврски во домот, но кошулите се особено фрустрирачки.

Siemens разви робот за пеглање кошули и слична горна облека што ќе заштеди милиони часови потрошени на оваа досадна задача, низ светот. Работи така што ја суши облеката од внатре кон надвор со помош на компресиран воздух, што притоа и го продолжува животот на ткаенината.

dressman_abierto„The Dressman“ има форма на кукла, на која го облекувате саканото парче. Машината го растегнува и измазнува, а потоа ја одбирате саканата програма на сушење. Со притискање на копчето, машината ја исполнува кошулата со топол воздух. Сушењето трае скоро 6 минути и 30 секунди, што е за околу 90 секунди побрзо од просечното време потребно рачно да се испегла кошула. Откако ќе заврши делот со топлиот, роботот испушта ладен воздух низ кошулата и ја завршува работата.

Има 12 програми на работа од кои може да се избере, дозволувајќи ви да исушите било што, од памук до свила, без никакви оштетувања на ткаенината.Robot-secador-de-roupa-Dressman-TJ10100-Siemens-Outras-Vendas_435582297_4За жал, моментално „The Dressman“ е достапен само во Германија, но и тоа како навестува ветувачка иднина во домаќинството.

- Реклама -