Маскарата е легло на бактерии!

Дали знаете дека ако ја користите истата маскара повеќе од три месеци и притоа неправилно ја чувате, можете да добиете сериозни инфекции на очите? Иако производителите предупредуваат дека рокот на траење на маскараta е до три месеци, повеќето жени ги користат повеќе, игнорирајќи го фактот дека можат да бидат легло на огромен број на микроорганизми.

Американските научници неодамна тестираа голем број примероци на маскара од различни производители и заклучија дека 33 проценти од испитаните примероци содржат бактерии, а во поголемиот дел од примероците беа најдени стафилококи, стрептококи и габи!

Сепак, сите видови на маскара содржат материи кои, според наведеното на етикетата, три месеци го спречуваат ширењето на бактерии. По истекот на овој период маскарата повеќе не е безбедна за користење, а понекогаш и порано. Ризикот е многу поголем ако маскарата се чува на високи температури, а најчесто дамите ги чуваат во чантите, каде што заштитните материи лесно се топат, што им овозможува на бактериите брзо да се размножуваат.

Ве потсетуваме на основните правила на чување и употреба на маскара:

* Чувајте ја на ладно, суво место, дури и во фрижидер, а потоа во некоја фиока во соба која не е премногу загреана.

* Менувајте ја на секои 3 месеци, дури и да не сте ја потрошиле старата.

* Не нанесувајте повеќе од 2 слоја на трепките. На тој начин може да ги затнете лојните жлезди околу рабовите на очните капаци.

* Никогаш не ставајте маскара во автомобил! Офталмолозите тврдат дека во нивните канцеларии често доаѓаат жени со тешки инфекции и повреди на рожницата на окото, како резултат на обидите да се нашминкаат додека се возеле во автомобил.

- Реклама -