Mozilla ја претстави новата верзија на Firefox за Windows 8

Иако ќе треба да почекаме најверојатно долго време за да Firefox биде достапен за Windows 8 уредите, сепак излезе прегледот на новата верзија на прелистувачот во Auroraфазата. Тоа е верзија пред бета верзијата на Firefox, која нема да биде комплетно исполирана, но ќе биде доволно добра за работа на Windows 8 еко-системот.

Според Mozilla, овој Aurora преглед на прелистувачот ќе вклучува пријателски настроен Firefox Start иAwesomebar исуство кое ќе влијае на модерниот кориснички интерфејс на Microsoft. Исто така ќе има поддршка за Firefox синхронизација, Windows 8 тачот и swipe гестовите, визуелна навигација како и Windows Share интеграција.

firefox_5___aurora___start_page_by_link6155-d3er5x3

Новата верзија на Firefox ја користи истата Gecko рендерска машина, како што е случајот и со десктоп верзиите на Firefox и може да поддржува WebGL, 3D графики и asm.js. Доколку сакате да ја тестирате Firefox Aurora, ќе мора да го направите дифолтен прелистувач на вашиот Windows 8. Mozilla тврди дека ќе се фокусираат на подобрувањето на перформансите и одговорностите за оваа нова верзија на Firefox.

Додека верзијата сеуште е во прегледна состојба, од компанијата тврдат дека повеќете од карактеристиките се во завршна фаза, но има можност да наидете на багови за време на користењето на прелистувачот. Комплетната верзија на прелистувачот се очекува да биде достапна во 2014 година.

Текстот е во соработка со Telefoni.com.mk

- Реклама -