Најинтересните 10 твита кои го шокираа светот

Twitter е синоним за многу работи. Таа социјална мрежа е место каде луѓето одат да дискутираат за своите омилени ТВ серии, да прочитаат нешто ново за нивните омилени спортски екипи, да споделуваат фотографии и секојдневни интересни за нив случувања.

Но, Twitter исто така e многу повеќе од само едно место за онлајн озборување. Оваа социјална мрежа се има докажано како моќен иструмент за споделување и добивање на вести од целиот свет и тоа само во 140 знака.

Сепак понекогаш невиното пишување на еден обичен твив, може да прерасне во нешто големо. Еве неколку такви примери каде обични невини твитови, прераснале во нешто многу поголемо.

1. Во живо: убиството на Осама Бин Ладен

Во мај 2011 година, Сохаиб Атхар, ИТ консултант одмарал во планината со својот лаптоп. На 2-ри мај, тој станал познат во онлајн просторот, кога во живо ја пренел преку Twitter смртта на Осама Бин Ладен.

Еве што објавил:

osama

Тоа докажало дека секој од нас може да биде новинар, без разлика дали сака да биде или не. Но исто така покажа дека многу интересни и важни вести можат да се објавуваат и онлајн. Па така до ден денешен многу познати лидери и политичари меѓу кои и претседателот на САД, Барак Обама, објавуваат интересни и важни вести токму од своите онлајн профили.

2. “Ајкулата е огромна. Наликува на диносаурус…”

Седејќи во својата дневна соба со поглед кон морето, Грег Копен, од едно малко гратче блиску до Кејптаун, станал сведок на нешто кое никогаш нема да го заборави. Во далечината видел како огромна бела ајкула убива човек, кој после бил идентификуван како 27-годишнот Лојд Скинер од Зимбабве. Купен брзо објавил твит објаснувајќи што видел:

2

Многу брзо после тоа оваа вест била проследена од локалните и национални медиуми, а Купен станал позната личност само за неколку дена.

3

3.“…мојата тетка Тифани која работи за Витни Хјустон, само што го пронајде нејзиното мртво тело во кадата”

Тетката на Аја Диор, Тифани Диксон работела за познатата пејачка Витни Хјустон и токму таа го пронашла мртвото тело на пејачката, која почина во почетокот на 2012 година. Таа ја споделила ужасната вест со својата внука која веднаш побрзала да го соопшти тоа на Тwitter. Сепак веста веќе била соопштена од друг корисник кој споделил твит за смртта на пејачката само седум минути пред Диор да го објави твитот.

4

4. Како што може да се види од облаците, само што беше лансиран вселенски шатл…

Кога 33 годишната Стефани Гордон се качи на авион од Њујор за Палм Бич, таа и еден нејзин сопатник го информирале пилотот дека го виделе последниот лет на Space Shuttle Endeavour. На крај се докажало дека тие навистина го виделе шатлот, а многу од патниците дури и го фотографирале. Еве како изгледало сето тоа:

5 299724435

5. Басистот на Former Weezer си ја предвидел сопствената смрт една недела порано

Поранешниот музичар и басист на групата Weezer, Мајки Велш, ја предвидел сопствената смрт и го објавил тоа во твит на 26-ти септември 2011 година.

6

Две недели подоцна тој навистина починал од срцев удар, предизвикан од предозирање.

6. Спречена кражба на кола

Јужна Африка е идеално место за кражби на автомобили, но една жртва побарала помош преку Twitter кога нејзиниот автомобил исто така бил укреден. Откако му го украле автомобилот, тој испратил СМС до својата девојка која веднаш го испратила овој твив:

7

За негова среќа твитот бил биде од приватна компанија за обезбедување, која ја информирала локалната полиција, која пак го проследила сигналот на неговиот мобилен телефон и успеале да го пронајдат каде се наоѓа.

8

7. Авион во реката Хадсон

Џенис Крумс објавија фотографија како патниците стоеле на крилот на US Airways Flight 1549, кога нивниот авион слета во реката Хадсон, откако беше полетал од аеродромот ЛаГвардија во Њујорк. Крумс се наоѓала на еден од траектите кои биле препратени да им помогнат на патниците.

9 10

8. Обама, претседател и во наредните 4 години

Една од најпознатите и најмногу споделувани фотографии за 2012 година.

obama

9. Како Бил Гејтс му оддаде почит на Стив Џобс

Еден ден откако сите дознаа за смртта на Стив Џобс, милиони пораки со оддавање на почит се распространија на Интернет. Но, една од нив навистина беше интересна:

bil

10. GALE CRATER I AM IN YOU!!!

‘Astro Mike’ можеби го испрати твиот од вселената, но поинтересно беше твитањето на роботот Curiosity Rover кој испрати твит дури од површината на Марс.

33

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -