Дали Роналдо ќе го сруши рекордот на Раул ?

Со продолжувањето на договорот до 2018 година, нормално е да се предвидува дека Роналдо ќе стане најдобар стрелец во историјата на кралскиот клуб.

Рекордот за најдобар стрелец на кралскиот клуб го држи легендата на клубот, Раул Гонзалез со постигнати 323 голови на 741 натпревари. Шпанецот имаше стапка од 0,44 гола по натпревар во 16-те сезони каде ја бранеше честа на белиот дрес.

Португалецот досега постигна 203 голови на 204 натпревари и има просек повеќе од еден гол на натпревар. Доколку продолжи со вакво темпо логично е да се предвидува дека во 2015/16 Роналдо ќе го сруши рекордот на Раул.

Текстот е објавен во соработка со wintheodds.net

- Реклама -