Twitter се реши за првична јавна понуда

Дојде и најдолго очекуваниот момент. Twitter поднесе документи за првична јавна понуда – нешто за кое се зборуваше со месеци. Нормално, во стилот на компанијата, соопштението беше објавено под формата на твит, објавен од официјалниот профил на социјалната мрежа: ”Убедени во тоа што го правиме поднесовме S-1 во SEC за планираното IPO”.

tviter

S-1 е еден од најважните документи кои ги поднесуваат компаниите до Комисијата за хартии од вредност на САД, пред да направам IPO или првична јавна понуда. Поднесувањето на овој документ од страна на Twitter се случува по еден нов начин, кој стана стана можен по усвојувањето на т.н. закон JOBS. Тој закон дозволува на компании тајно да ги поднесуваат своите документи до SEC.

Се разбира ако Twitter еден ден посака да започне да ги продава своите акции, ќе треба да открие какви финансиски информации содржват тие документи. Засега компанијата и банкарите имаат право да дискутираат за документите со SEC зад затворени врати.

Неможеме да кажеме дека ова соопштение за претстојното IPO доаѓа изненадувачки.Twitter не подготвија затоа уште во понеделникот со купувањето на стартапот MoPub.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -