Додадете рок на траење на Вашите твитови со хаштаг

Поранешен инженер во Twitter направи апликација која Ви овозможува Вашите твитови да бидат избришани. Вклучете го Spirit for Twitter и додадете хаштаг како #1m, #2h или #3d и Вашиот Twitter ќе исчезне во назначеното време. Можеби е малку и потребно за сервис кој и така е фокусиран на тоа што се случува во моментот.

Друга корисна намена за апликацијата може да се најде во метеорологијата. Еден метеоролог пронашол една корисна употреба за спречување на твитовите за бурите да бидат ретвитувани откако завршиле.

090413_0556_1

Друга таква слична апликација е Efemr.

Иако со тоа што дозволува твитовите да исчезнат е негативно за Twitter – тие собираат податоци заради пуштање на реклами, компанијата сеуште на двете апликации им овозможува пристап до својот API, засега.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -