Снимен теренецот на Jaguar

Папараци успеаја да го „фатат“ новиот теренец на Jaguar недалеку од седиштето на брендот во Јоркшир, а дел од фотографиите се објавени во Autocar. Британското списание објавува и компјутерски генерирани слики на автомобилот, базирана на шпионските фотографии.

Според информациите обезбедени од домашни извори, кросоверот е изграден на целосно алуминиумска платформа која ќе биде користена и за новиот седан на Jaguar, чие име се уште се чува во тајност. Основната верзија се кросоверот ќе се опреми со 3.0-литарски бензински V6 и ќе биде со погон на задните тркала. Преносот на сите четири тркала ќе се нуди како дополнителна опрема.

693_Jaguar-470-2

Неодамна од Jaguar потврдија дека моделот ќе го носи името Q-Type или XQ. Дебито на кросоверот е закажан за салонот во Франкфурт. Сериското производство, сепак, мора да започне дури во 2015 година.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -