Знаат ли мажите каде се наоѓа клиторисот?

Неколку девојки споделија искуства и открија дали нивните партнери знаеле правилно да се однесуваат со нивните клиториси. Ако воопшто го нашле.

Анатомијата на женскиот полов орган за многу мажи сѐ уште е мистерија. Не зачудуваат и овие сведоштва на Хрватките кои се пожалија дека сѐ уште има мажи кои не само што не знаат што точно да прават со клиторисот, туку не знаат и каде се наоѓа.

Андријана, 28

Иако беше пет години постар од мене морав, сепак, да го научам некои работи. Не ме сфаќајте погрешно, тој беше прилично добар љубовник, но беше малку изгубен во моите „јужни краишта“. Тој мислеше дека сѐ прави добро, но тогаш му покажав каде точно се наоѓа клиторисот и како е најдобро да се допира. Реагираше добро на моите инструкции, не му ја повредив гордоста, а и брзо научи така што уживавме во навистина добар секс. Но, тој не е единствен. Повеќе од половина од моите дечковци не знаеле точно како да се однесуваат со клиторисот.

Марија, 35

Мене посебно ме изненади еден маж со кој бев пред четири години. Тој е типичен пример на женкар, многу шармантен, а шармот е одличен афродизијак. Во кревет ни беше прекрасно освен една работа – не знаеше да ми овозможи оргазам. Се трудеше многу и мислеше дека успеал во тоа, но еден ден му објаснив дека премногу стиска, дека е груб и неритмичен. Не му беше сеедно, но ги прифати моите сугестии. Ме изненади дека еден маж со толку иксуство не знае да постапува со клиторисот, но очигледно и тоа се случува. Имав и едно момче во раните дваесетти кој не ни знаеше што е клиторис, каде се наоѓа и за што служи. Мислам дека тоа е страшно и дека многу мажи по тоа прашање би требало да се едуцираат.

Весна, 31

Сум сакала многу мажи и тие ме сакале мене. Морам да признаам дека имав среќа и сите мои дечковци беа прилично добри љубовници, но мојот сопруг, сепак, е најдобар. Сите знаеја каде се наоѓа мојот клиторис, на некои можеби морав малку да им помогнам да се снајдат, но ништо драматично. Знам дека сѐ уште постојат мажи кои не се добро запознаени со женскиот полов орган, го слушам тоа од мои пријателки и морам да признаам дека не ми се верува. Но нема помош од прашања и чудење, секоја жена треба да му помогне и да му објасни на мажот кој не знае. Како поинаку ќе научи?

Петра, 29

Пред една година запознав феноменален маж. Долго немав сретнато толку паметен и самоуверен маж. Почнавме да се дружиме сѐ почесто и почнавме да градиме врска, но првите три месеци не спиевме заедно иако постоеше страст. Тој се покажуваше како маж кој знае сѐ, бакнежите беа добри и допирите беа совршени и очекував огномет во креветот. И добив само дел од него, но благодарение на сопствената страст. Тоа што ме шокирашпе беше начинот на кој се однесуваше кон клиторисот. Брзо сфатив дека нема ништо од мојот оргазам. Планирав да му кажам неколку поучни работи, но брзо раскинавме, така што немав прилика. Се надевам дека некоја друга го научила за тајните на клиторисот.

Овие сведоштва ги објави tportal.hr

- Реклама -