Надградбата на Twitter го олеснува следењето на разговорите

Twitter пушти надградба со што веќе ќе можете полесно да разговарате на социјалната мрежа. Сега Twitter.com и Twitter мобилната апликација покажува разговори во хронолошки редослед. Твитовите во разговор се поврзани со користење на вертикална линија.

До три твитови во низа се прикажуваат поврзани на вашиот времеплов, па можете да го погледнете целиот разговор. Доколку трите твитови не се доволни, можете да го воведете секој твит за да ги погледнете сите одговори, вклучувајќи ги и одговорите од лицата кои во моментот не ги следите. Целиот разговор може да се сподели со пријатели преку електронска пошта од Twitter.com или како индивидуални твитови од iPhone или Android апликации.

Надградбата исто така вклучува и копче за пријавување на злоупотреба. Оваа нова верзија е достапна за iPhone, твитови и спам пораки ќе можете да пријавувате и од Android апликација и Twitter.com.

[youtube]http://youtu.be/BnRmayAuB4M[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -