91,37% „за“, 5,64% „против“ на референдумот

Од ДИК известуваат дека се обработени 97% од гласовите од кои 91,37% се изјасниле „за“, а 5,64% „против“.

Неважечки биле 2,99 проценти.

На гласање излегле вкупно 649.376 гласачи, односно 36,79% од запишаните во избирачкиот список.

Конечни резултати ќе има во текот на денешниот ден.

Прочитајте и:  Блумберг: Европа ќе мора да ги удвои трошоците за одбрана поради војната во Украина
- Реклама -