9 вистински (или лажни) афродизијаци

Повеќе... Од остриги до авокадо – сите ние сме слушнале гласини за т.н. афродизијачки својства на некои видови на храна. Додека некои од нив се сметаат за афродизијаци без некоја основа, експертите потврдуваат дека некои видови храна се подобри за либидото одошто другите. Кои се вистински, а кои лажни афродизијаци?


Од остриги до авокадо – сите ние сме слушнале гласини за т.н. афродизијачки својства на некои видови на храна. Додека некои од нив се сметаат за афродизијаци без некоја основа, експертите потврдуваат дека некои видови храна се подобри за либидото одошто другите. Кои се вистински, а кои лажни афродизијаци?

Вистински – Остригите
dc843eeea85f5d39_oysters.jpg

Сите слушнале за т.н. афродизијачки својства на остригите, но дали неколку остриги навистина ќе го потикнат вашето либидо? Можеби, а еве зошто: остригите содржат високо ниво на цинк, а цинкот го потикнува хормонот тестостерон, основниот хормон за стимулирање на сексуалниот нагон.

Лажен – Банани
02-wd0809-libido-foods.jpg

Можеби сте слушнале за афродизијачките својства на бананата, но дали откако ќе изедете една за ужина значи дека ќе имате подобар секс таа вечер? Па не, тоа е само мит. Постои едно раширено верување дека храната која има облик на гениталии е афродизијак, а бананата очигледно има таква форма, но освен тоа нема никакви афродизијачки својства кај неа.

Вистински – Пченични никулци
03-wd0809-libido-foods.jpg

Пченичните никулци се одличен извор на витаминот Е, кој може да ви помогне многу во спалната соба. Витаминот Е често се нарекува основен витамин за сексот, тој е моќен антиоксиданс што го спречува стареењето и ги заштитува  мембраните на клетките од штетата што ја прават слободните радикали, а потребен е и за синтезата на хормоните. Им помага на женските тела да го балансираат естрогенот. Премногу естроген може да предизвика PMS, анксиозност, надуеност, главоболки, болки во мускулите и промена на расположението – сите нешта кои се погубни за женскиот сексуален нагон.

Лажен – Авокадо
04-wd0809-libido-foods.jpg

Според легендата, Ацтеките го нарекувале авокадата – „Дрва тестиси“, а во народното верување долго време авокадото се поврзува со либидото. Дали има вистина во тоа? Не. Витамините и минералите што ги содржи авокадото може да имаат некаква врска со зголеменото либидо, но потребно е да изедете тони за да се добие тој ефект.

Вистински – Чоколадо
05-wd0809-libido-foods.jpg

Сигурно сте слушнале за тоа дека темното чоколадо има антоксидантски својства, но дали има и афродизијачки ефект? Можеби. Чоколадото има голем број квалитети заради кои може да се стави во категоријата на афродизијаци. Тоа содржи tryptophan, есенцијална аминокиселина која игра улога во покачувањето на нивото на серотонин. Покачувањето се поврзува со чувствата на релаксираност и задоволство. Една италијанска студија покажа дека постои поврзаност помеѓу дневната конзумирана количина на чоколадо и зголеменото либидо. Иако студијата сè уште не е комплетирана, експертите веруваат дека од малку чоколадо одвреме-навреме нема штета, а може дури и да биде корисно – за вашето либидо.

Лажен  – Семки од тиква
06-wd0809-libido-foods.jpg

Можеби сте слушнале дека семките од тиква се природна виагра за жените и тоа е добар концепт, нели? Идејата да се јадат неколку семки од тиква, кои се здрав извор на магнезиум и железо, а после тоа веднаш да се биде „спремна за акција“ звучи премногу добро за да биде вистинито. Ова тврдење нема никакви научни докази, иако е широко распространето, тоа никогаш досега не е тестирано. Заклучок: Ако ви се допаѓа да грицкате семки од тиква, само напред, но треба да знаете дека тоа може да не направи ништо за вашето либидо.

Вистински – Лути пиперчиња
07-wd0809-libido-foods.jpg

Дали лутата храна може да ви го подобри и сексуалниот апетит? Да. Сè што предизвикува реакција со потење, без разлика дали тоа се вашите раце или вашето чело е добро за вашето либидо. Зачинетата храна, како лутите пиперчиња, го поттикнува вашиот крвоток, а зголемениот крвоток е механизам за возбуда која ги раздвижува вашите сокови.

Вистински – Шампањско
08-wd0809-libido-foods.jpg

Додека е вистина тоа дека алкохолните пијалоци можат да ги намалат вашите инхибиции, дали е вистинит и фактот дека го подобруваат и вашите сексуални перфоманси? Според експертите, голем дел од алкохолните пијалоци имаат спротивен ефект. Ќе ви ја разгорат желбата, но брзо ќе ве остават без енергија. Меѓутоа, шампањското е исклучок. Тоа е совршен пијалок за поттикнување на возбудата: не мора да пиете многу, а ефектите се чувствуваат многу побрзо.

Лажен – Бадеми
09-wd0809-libido-foods.jpg

Според верувањата, миризбата од бадемите прави жената да се чувствува вљубено. Ова колку и да звучи романтично, не е вистина и му припаѓа само на светот на бајките. Но еве еден интересен факт која покажува дека една состојка во бадемите може сепак да влијае стимулирачки врз вашиот сексуален живот: Бадемите содржат L-arginin, супстанца која се наоѓа во некои медицински кремови и гелови кои се нанесуваат на гениталиите за со цел да ја зголемат возбудата. Додека не е сигурно колку бадеми ви требаат за да го постигнете истиот ефект врз либидото, според докторите, нема да биде лошо да грицнете по некој бадем одвреме-навреме во име на доброто здравје (и можеби подобар секс).

- Реклама -