9 најлоши „жешки“ совети од женски магазини за нивните читателки

Скоро ви посочивме еден пример зошто не треба да им верувате на секс експертите што делат онлајн совети, макар работеле и во големи светски медиуми. Во продолжение следуваат уште неколку слични примери што одат во прилог на таквата теза. Советиве се толку лоши, што човек ќе помисли дека некој си играл мајтап.

1. Попрскајте малку бибер под неговиот нос токму во моментот пред да доживее климакс. Чувството при кивањето може да е слично на оргазам, и да го зајакне ефектот на убавото. Cosmopolitan

2. Потопете ги градите во боја за храна, и користете ги како четка за да го обоите по целото тело. Потоа излижете го. – пак Cosmopolitan

3. Ангажирајте некој да се скрие во плакарот, но не му кажувајте на партнерот. – ПАК Cosmopolitan

Да, ова е R. Kelly. Глејте му ги спотовите Trapped in the Closet, цепки се (а он мртов озбилен, како советиве).

4. Понесете го партнерот со вас на пазарење намирници. Гледајте на тоа како сензуална предигра. Можете многу да се забавувате галејќи ги и нежно стискајќи ги храните, или мирисајќи ги нивните ароми. И разговорот ќе ви биде интересен. – SheKnows

5. Купете боја за коса (од онаа што се мие) и тргнете меѓусебно орално да се задоволувате. Ќе го добиете тоа секси чувство на раце-што-ви-ја-масираат-главата (додека партнерот ве фарба), заедно со ризичната возбуда од тоа што не знаете како ќе изгледа резултатот. – Women’s Health Magazine

6. Малите прсти на нозете не се само слатко неодоливи, туку се и секси, а чекаат на вашиот јазик да ги разбуди од нивниот сон. Со други зборови, лапајте се со неговите мали прсти на нозете (ако хигиената му е од добра до одлична). Поеротско е отколку што звучи. – Glamour

7. Ставете привремени тетоважи со неговото име околу вашите брадавици, и дајте му да ѕирне кога ќе се наведнете со незакопчана тоалета. погодете кој… Пак Cosmopolitan

8. Меѓусебно хранете се со сладолед (во темница). Тоа што не гледате ќе значи дека повеќе ќе истурите, што значи и повеќе лижење на нередот. – дап, Cosmopolitan

Ти и он во темница, со сладолед.

9. Пробајте некои нови пози, како таканаречената iPhone X или the Ice Bucket Challenge. -Glamour

Изгледа на оваа се мисли, не сме сигурни.
- Реклама -