Им пишува рандом маж писмо на The Guardian. Вика вака:
„Во врска сум девет месеци. Мислев дека сексот ни е добар и на двајцата, ама кога ќе завршиме таа ми вели да одам да се туширам. Се прашував зошто, а сега знам – таа мастурбира. Го има ова направено повеќе пати; јас мислам дека е ненаситна. Што да правам?“
Сега следува одговорот што го добива, а воедно и одговорот на „прашањето“ од нашиов наслов овде. Секспертот (ко што скратено ги викаат „секс експертите“), и тоа пазете – жена, му враќа вака:
„Не прави ништо. Истуширај се и остави ја да си заврши работа. Таквото однесување е многу често и не мораш да се грижиш дека потајно не ѝ се допаѓа да води љубов со тебе.
Многу жени посакуваат втор оргазам, особено ако била супервозбудена за време на односот. Можеби не сака да те мачи тебе за тоа екстра задоволство, или можеби се плаши дека ќе помислиш дека премногу бара. За многу луѓе, мажи и жени, оргазмот што го доживуваат при мастурбација (кај жените најчесто клиторален) е квалитативно различен од тоа што се очекува од водењето љубов. За тие луѓе мастурбацијата предизвикува длабоко задоволувачки оргазам, само без анксиозноста што може да се јави при партнерскиот секс.
Сексот со тебе за неа може да биде исполнувачки на куп начини што не можат да бидат репродуцирани со мастурбација, но сепак таа може да го сака тој екстра оргазам. Ти тоа можеш да го нарекуваш ‘ненаситна’, јас би ја нарекла ‘сексуално опитна’, а тебе ‘среќен’ затоа што таа е толку возбудена од тебе. Исто така не треба да ја отфрлаш во предвид и можноста дека таа навистина е мулти-оргазмична.
Ако сакаш да учествуваш и по вашиот воспоставен шаблон на водење љубов, прашај ја точно што би сакала да ѝ правиш откако ти ќе достигнеш кулминација. Биди подготвен прецизно да ги следиш нејзините наредби, ама и на тоа да ти рече да одиш да се тушираш“.
Пазете, под текстот на теткицава (Pamela Stephenson Connolly) ѝ пишува дека е американски психотерапевт кој специјализира во третман на сексуални нарушувања.
Е сега, ние не сме сексперти, ама како и илјадниците коментари од читатели на Guardian, сметаме дека докторкава ептен ја има утнато поентата. Додека таа филозофира за „екстра оргазам“, веројатно жената од приказната не доживува ниту еден.
Затоа, баталете ги секспертите, некогаш и тие појма немаат. Наместо тоа, потрудете се партнерот/партнерката да е секогаш задоволен/а и бидете отворени во комуникацијата, без тронка осуда. Не туку праќајте писма по портали, греота е луѓето (секспертите) да се бламираат.