Постојат многу начини да спакувате облека во вашиот куфер, но некои методи одат и подалеку од тоа. Еден од нив е таканаречениот „Clown car method“. Следното видео ќе ви покаже како да спакувате многу повеќе во многу помала торба.
Основната идеја на овој метод е комбинација од неколку други „финти“ меѓу кои се виткањето на облеката во ролни заради заштеда на простор и диплење на облеката околу централен објект, што води кон зголемување на тензијата во самото платно, што пак води кон многу помалку набори.
Со малку среќа, ваквиот начин на пакување би требало да ви обезбеди доволно облека за цели две недели.