Ето сака одново да соработува со Мурињо

Самуел Ето има многу пофални зборови за Жозе Мурињо, напаѓачот вели дека посакува одново да соработува со Португалецот.

Анжи Махачкала најави дека ќе го намали буџетот, па се очекува неколку ѕвезди да го напуштат клубот, помеѓу кои и Самуел Ето.

Тој се поврзува со враќање во Серија А, каде интерес пројавуваат Наполи и Интер.

Се говори дека Камерунецот исто така е трансфер цел и на Челзи, медиумите шпекулираат дека напаѓачот е опција за ’Сините’ доколку Вејн Руни не пристигне на Стемфорд Бриџ.

Самуел Ето вели дека е отворен за нова соработка со Жозе Мурињо, за кого има само пофални зборови.

„Само еден е Жозе Мурињо. Играв под водство на многу тренери, но нема друга личност во фудбалот како Жозе” – рече 32 годишниот Ето.

„Тој е еден од најдобрите тренери во светот, и заедно забележавме голем успех во Интер”.

„Би сакал да ми се укаже шанса одново да играм под негово водство, бидејќи никогаш не е досадно кога Жозе е покрај вас”.

„Секако, Челзи е голем тим, и кога ќе ги добиеме сите понуди ќе ги разгледам заедно со мојот агент и ќе видиме каков ќе биде следниот чекор”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -