Видео: Дрогба продолжува да биде кошмар за Арсенал

Дидие Доргба се врати на Емирати и повторно ја тресеше мрежата на Арсенал, поранешниот напаѓач на Челзи дојде до бројката од 15 погодоци против Топџиите.

Додека го носеше дресот на Челзи, Дрогба редовно постигнуваше голови против Арсенал.

Денеска во дресот на Галатасарај, напаѓачот се врати на Емирати, и ништо ново, повторно ја тресеше мрежата на Топџиите.

Арсенал со голот на Волкот во првото полувреме поведе со 1-0.

Но во вториот ден, Дрогба најпрво од пенал кој беше престрого досуден, а потоа и од игра погоди за комплетен пресврт и победа на Галатасарај од 2-1.

Тоа беше 15. гол во 15 натпревари за Дрогба против Арсенал.

Галатасарај со две победи го освои Емирати Купот.

[youtube]http://youtu.be/uqiY3PS2DKM[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -