54-годишниот Стивен Хајнс од Пенсилванија цел живот страдал од болка во десниот тестис. Конечно се решава да побара помош дури во 2013-та и го контактира урологот Спенсер Лонг. Тој му сугерира операција. На операцијата, по грешка му го отстранува левиот.
Хајнс тужеше, а окружниот суд му додели безмалку милион (870.000) долари отштета за „претрпена болка и страв“. Поротата потврди дека урологот бил „индиферентно невнимателен“ додека на пациентот му го отстранувал здравиот тестис.
Како и да е, Хајнс останува потежок за 870.000 долари, полесен за еден тестис, и со хронични болки. Ако сега го отстрани болниот тестис, ќе мора да прима тестостеронска терапија до крајот на животот.
Кој работи – и греши…