Летна сарма

Класичната сарма збогатете ја со зеленчук и плус вкусен сос.

Состојки:

1 зелка, 500г мелено месо, 2-3 главици кромид, 1 домат, 1 морков, 1 лажица кисела павлака, 1 лажица кајмак, 1 лажица брашно, 1 шолја ориз, 1 шолја зејтин, зачин, сол, бибер, магдонос, црвен мелен пипер

Подготовка:

На исчистената зелка извадете и го коренот и гответе ја во вода додека листовите не омекнат. На загреано масло испржете ги исецканите кромид, рендананиот морков, меленото месо, оризот и изренданиот домат. Посолете и зачинете. Пржете додека месото не ја смени бојата.

kapsarullid2

На секој лист зелка ставете по една лажица од филот и свиткајте во ролна.

Подготвените сарми наредете ги во подмачкан со зејтин огноотппорен сад.

Павлаката и кајмакот измешајте ги убаво или изматете ги со миксер, зачинете, додајте го брашното и црвената пиперка. Преку сармата сипете шолја вода, па смесата од павлака и печете во рерна на 180 степени околу 90 минути.

Добар апетит!

- Реклама -