Ова се најнездравите оброци што ги јадете за ручек

Бројни јадења и намирници што ги бираме за ручек се нездрави. Освен тоа, тие не ни ја даваат потребната количина на енергија што ни е потребна за остатокот од денот, а поради состојките што ги содржат неретко не дебелеат.

Сигурно повеќето од вас веќе знаат дека набројаните оброци се нездрави, но ние ви откриваме подетално зошто треба да ги избегнувате.

Хамбургер и компири

276352

Месото со средна големина што го има во хамбургерот само по себе и не е толку страшно, но кога ќе го додадете пецивото, сланината, зачините, кашкавалот, пржените компоири, кечапот и мајонезот ќе внесете калории што не ви се потребни.

Ладен сендвич

freshly_made_sandwiches

Многу продавници и пекари продаваат подготвени сендвичи кои може да се чинат како лесен ручек. Сепак, повеќето од нив содржат нездрави конзерванси што овозможуваат сендвичите да изгледаат свежо во текот на денот. Содржат и нездрави масти, засладувачи и други додатоци.

Мафини

muffins

Повеќето мафини се направени од збогатено брашно, шеќер и путер – што не е здрава комбинација со оглед на тоа што белото брашно и шеќер имаат висок гликемиски индекс (скала за колку одреден тип на храна го крева нивото на шеќер во крвта во времетраење од 2 часовен период, во споредба со чистата глукоза).

Печени компири

chipolte-lime-potatoes_cv1

Печените компири дефинитивно се поздрав избор од пржените. Меѓутоа, компирот има висок гликемиски индекс и ќе предизвика да се чувствувате уморно.

Пица

1920x1080

Пицата содржи и до 500 калории и 20 грама масти. Ако со пицата испиете и газиран сок, значително ќе го зголемите внесот на калории во организмот. Освен тоа, пицата содржи збогатено брашно што ќе предизвика да останете без енергија и продуктивност во текот на попладневните часови.

- Реклама -