Гвардиола: Давид Луиз не е цел на Баерн Минхен

Пеп Гвардиола ги негира шпекулациите кои го поврзуваат Давид Луиз со трансфер во Баерн Минхен.

По поразот од Борусија Дортмунд со 4-2, се појавија шпекулации дека Баерн Минхен сака да ја засили дефанзивата, па Пеп Гвардиола побарал да му биде донесен Давид Луиз.

Сепак, Гвардиола ги демантира таквите гласини велејќи дека е задоволен од дефанзивата која ја има на располагање и Давид Луиз не е нивна трансфер цел.

„Тој не доаѓа во Минхен. Имаме четири или пет централни дефанзивци” – изјави Пеп Гвардиола.

„Нема вистина во шпекулациите”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -