Toshiba ги претстави новите Satellite лаптопи

Големи хард дискови, дарежливи количини на RAM меморија и екран на допир, обично се спецификации кои подразбираат висока цена за лаптопите, но Toshiba прави исклучок на тоа со новиот лаптоп Satellite.

Satellite E55D, 15.6 инчниот лаптоп чини само 579 долари, а има 750 GB хард диск, 8GB RAM и 5 генерација на Wi-Fi (802. 11ac). Доколку сте подготвени да платите 699 долари, може да добиете мидел опремен со екран на допир и можност за хард диск проширување до 1ТB.

toshiba-e55d

Лаптопот има quad-core AMD A6 (Kabini) процесор наместо Intel Core чип. Резолуцијата на екранот е исто така под просекот 1.366 х 768. Но сепак како бенефиции на лаптопот може да се наведат сензибилноста на дизајнот, алуминиумска навлака и LED позадинско осветлување, како и DTS аудио. И Intel верзијата на Е55D ќе биде достапна исто така, а двете верзии ќе може да ги најдете во Септември.

Toshiba исто така го воведе и новиот Ultrabook овој месец, Satellite E45t, кој ќе биде ексклузивно понуден на Best Buy. Тоа е 14 инчен модел со Intel Core i5 процесор. Во дополнение на стандардниот Ultrabook, E45t вклучува Nuance’s Dragon Assistant, што им овозможува на корисниците да го контролираат нивниот PC со тон.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -