Погледнете како изгледаат идните вселенски костими

Идните астронаути треба да очекуваат полесни, повеќе практични костими за орбитални комерцијални летања во Вселената. Како што е соопштено од PopSci, новиот 3G вселенски костим беше претставен на Капитол Хил минатата недела од Final Frontier, Вселенска компанија со седиште во Бруклин.

Овој костим е веќе трет дизајн, за кој беше потребно 4 години за истражување и развој. Претходната верзија победи во наградата за Популарни Научни Изуми за 2013. Новата верзија на костимот има 13 прилагодливи завршетоци за димензијата и врвки за ладење кои заштитуваат од предгревање на телото. Костимот е удобен, лесен и ефтин.
Него го изработија тимот Ник Моисив, руски дизајнер за вселенска облека и Тед Саутерн, поранешен костимограф и креатор на ангелските крила на Victoria Secret. Чини 50.000 долари. Погледнете го видеото.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk.

- Реклама -