Најчудните автомобилски додатоци

додатоциЗа да бидат уникатни во пренатрупаниот пазар, производителите на автомобили мораат да размислуваат уникатно. Голем дел од нив својата уникатност ја прикажуваат преку чудни додатоци за кои никој друг не помислил, или не бил доволно храбар да ги вгради. Затоа, кога купувате автомобил, внимателно разгледајте го, за да бидете сигурни дека има звучници кои светат, или распрскувач на парфем.

За да бидат уникатни во пренатрупаниот пазар, производителите на автомобили мораат да размислуваат уникатно. Голем дел од нив својата уникатност ја прикажуваат преку чудни додатоци за кои никој друг не помислил, или не бил доволно храбар да ги вгради. Затоа, кога купувате автомобил, внимателно разгледајте го, за да бидете сигурни дека има звучници кои светат, или распрскувач на парфем.

додатоциMini Cooper кабриолет, 2011 – Openometer

Сопствениците на новиот кабриолет Мини Купер очигледно ќе имаат дополнителен мотив за отварање на покривот. Тоа би била најлогичната функција на “Openometer”, мал мерач сместен на контролната табла кој мери, во минути и часови, колку долго сте возеле со отворен покрив. Овој мерач ќе биде вграден како стандардна опрема.

Bugatti Veyron 16.4, 2011 – клуч за максимална брзина

Бугати Вејрон 16.4 е најбрзиот автомобил во сериско производство во светот. И не само што ќе ви бидат потребни 1,25 милиони евра за да го купите, туку ќе ви треба и специјален клуч ако сакате да ја отклучите максималната брзина од над 400 километри на час. Возачот мора да го вметне специјалниот клуч во посебна брава која се наоѓа крај вратата, доколку сака да се обиде да ги тестира границите на Вејронот. Кога ќе го активирате клучот, суспензијата и задниот спојлер се спуштаат за да ви овозможат подобра аеродинамичност.

BMW 750i, 2011 – “Gentleman Function”

Оваа функција дефинитивно заслужува награда за креативно именување. Но, за разлика од името, самата функција е многу пообична и едноставна. Кога возачот ќе ја активира, автомобилот создава повеќе простор за нозете на патниците од задните седишта. Но што е поентата? Освен ако не сте возач на луксузно такси, оваа функција и не е мнгоу специјална. Единствено му овозможува на возачот да ги помести предните седишта без да излегува од автомобилот.

Kia Soul, 2011 – светлечки звучници

Овој додаток е многу едноставен, звучниците сместени во предните врати светат и пулсираат во ритамот на гласната музика. И тоа ќе биде забавно, цели пет минути, после тоа нема многу уживање. А за да биде уште полошо, овие звучници се дел од причината поради која Киа повлече дел од производството во 2010.

Ford Mustang, 2011 – приспособливо осветлување на контролната табла

Многу автомобили имаат приспособливо внатрешно осветлување, но Мустангот е дефинитивно лидер според бројот на понудени бои. Со вртење на едно копче, инструментите на Мустангот можат да бидат сменети во, буквално стотици бои. Но, уште почудно е што внатрешноото осветлување на Мустангот всушност може да влијае врз тоа како се чусвствувате. Ако сте агресивни и сакате да се трката, сменете ја бојата на инструментите во црвена и нагазете на педалата. Ако сакате опуштено да се возите по автопат, можете да изберете сина и зелена боја за смирување.

додатоциFiat 500, 2011 – распрскувач за парфем

Фиат 500 е убав мал градски автомобил. Некои луѓе дури и го третираат како моден додаток. Но Фиат на своите корисници им нуди опција за вградување на распрскувач за парфем кој се совпаѓа со ретро дизајнот на автомобилот. Купувачот ќе може да бира помеѓу бела и црна боја за електричната направа која ќе биде сместена помеѓу предните седишта. Во моментов се достапни три мириси: Цитрус, Суштина на Ноќта и Здив Свеж Воздух. Возачот ќе може да го приспособува интензитетот на мирисот со помош на две копчиња кои се наоѓаат на горниот дел од направата. Единствнеата мана е што распрскувачот одзема еден од двата држачи за пијалаци.

Honda Element, 2011 – додаток за кучиња

Овој додаток ќе им се допадне на кучињата, и на луѓето кои многу си ги сакаат своите миленици. За доплата од само 729,5 евра, во просторот зад задните седишта ќе бидат додадени меки страни, чинија за вода која нема да дозволува истурање на водата, електричен вентилатор, преносна рампа, покривки за задните седишта со слики од кучиња и поиздржлив тепих со слики од коски. Дополнително може да побарате и поводник, ремен и плочка за идентификација. Ако сакате да му кажете на светот дека сте горд сопственик на куче, на браниците ќе бидат додадени лепенки во форма на шепа.

- Реклама -