Home Спорт Турново одличен во Сплит, пораз кој може да се надополни

Турново одличен во Сплит, пораз кој може да се надополни

0

Иако во Сплит тргна со голем респект кон името на противникот, Хоризонт Турново покажа дека може сосема рамноправно да се носи со Хајдук.

Хрватите влегоа со потценување кон непознатиот противник, тоа можеше скапо да ги чини.

Хајдук подобро го започна натпреварот, и по само осум минути игра, Бенчун постигна погодок со глава за водство на домаќините од 1-0.

Како одминуваше времето Турново воспоставуваше рамнотежа на теренот и почесто го загрозуваше голот на Калиниќ.

Пред самиот крај на првото полувреме, игра со рака на Коаси, судијата покажа на белата точка за македонскиот тим.

Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Дејан Блажевски, Турново заслужено израмнува на 1-1.

Вториот дел продолжи со рамноправна игра, а Хоризонт Турново имаше можност и да дојде во водство.

Но, по едно невнимание на одбраната во 79. минута, Хајдук преку Малоча доаѓа до нова предност, 2-1.

Македонскиот тим изврши притисок во завршницата, но немаше погодок до крајот на натпреварот.

Ништо не е загубено, Хоризонт се враќа со активен резултат, со помош на публиката на Филип Втори може да се совлада овој тим на Хајдук.

 

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here