5 најголеми модни злосторства

Лето и мода – совршен пар, но и во оваа силна врска постојат работи кои никако не смеете да си ги дозволите. Ако сакате да бидете во тренд и притоа да изгледате без грешка избегнувајте ги овие најлоши летни гафови на кои треба категорично да им кажете НЕ.

Прекратки шорцеви

hotpants_1

„Жешките панталони“ се хит оваа сезона, а девојките ги носат за прошетка во град, вечерно излегување и на плажа. Но, тенката граница меѓу долната облека и панталоните некои жени не ја совладале.

Правилото е едноставно: задникот мора да остане скриен и тоа е тоа. Прекратките шорцеви делуваат вулгарно и невкусно, а неколку сантиметри материјал повеќе може да изгледа истовремено вкусно и секси.

nasty-gal-mixtape-pocket-denim-shorts-12

Екстрагавантни костими за капење

552-800-elizabeth1

Ова лето на местото на вечните бикини дојдоа едноделните костими за капење кои всушност се повеќе за позирање отколку за сончање.

Исечените едноделни костими за капење на убаво тело делуваат како украс, но само за насловната страна на некој моден едиторијал. Само замислете како изгледа телото по сончањето во ваков костим?

xavier-one-piece-night-2013

Зимски чизми на +30

6216924705_5e92c115d0_z

Овој тренд истовремено развесели и разлути многу луѓе. Летните чизмички направени од тенка кожа или со материјал со дупки и отворени прсти никако не се исто што и цврстите каубојки или моторџиски чизми.

Едните се направени специјално за сувите топли денови, а другите се резервирани за чорапи и ниски температури. Не сакаме ни да помислиме како изгледаат нозете по еден ден поминат во такви чизми на +30.

hayden_panettiere_boots

Неуредни стапала

Ова е спротивно на горниот наслов - потрудете се секогаш ноктите да ви изгледаат средено
Ова е спротивно на горниот наслов – потрудете се секогаш ноктите да ви изгледаат средено

Чевлите со отворени прсти и тренди сандалите не дозволуваат неуредни нокти и стапала. Освен што изгледаат неугледно, запуштените нокти се одраз на хигиената.

Во денешно време постојат евтини турпии, ножички и разни креми за нега на стапалата, па ако се уште не сте посветиле еден час за вашите стапала, сега е време. Ако користите лак бидете доследни затоа што има ли полошо од излупен лак на нокти?

Погрешна долна облека

giz

Најчеста грешка која се повторува секое лето е изборот на погрешни гаќички со светли, лесни, летни панталони или пак градник со топ. За оние жени и девојки кои не сакаат да носат танга, кои всушност се најсигурен избор, постојат гаќи со тенки рабови кои се речиси незабележителни под облеката.

Слично е и со бојата на долната облека. Црни ѓаќички на бели панталони?! Бело и бело не е добитна комбинација. Затоа изберете долна облека во боја на кожа, без дезени. Кога е во прашање градникот потрудете се да остане таму каде што му е местото – скриен под облеката. Градниците без прерамки или боди со корпи се одлична комбинација за летната облека.

- Реклама -