5 знаци дека му се допаѓате

ЗнациСтарите велат дека кога жена ќе види маж што ѝ се допаѓа, никој нема да забележи; а кога маж ќе здогледа жена што му се допаѓа, сите ќе дознаат. Иако отсекогаш било полесно да се прочитаат мажите, ова се 5 знаци според кои сигурно ќе дознаете дека му се допаѓате.

Старите велат дека кога жена ќе види маж што ѝ се допаѓа, никој нема да забележи; а кога маж ќе здогледа жена што му се допаѓа, сите ќе дознаат. Иако отсекогаш било полесно да се прочитаат мажите, ова се 5 знаци според кои сигурно ќе дознаете дека му се допаѓате.

Знаци1. Ја намалува раздалеченоста

Кога мажот ќе се приближи поблиску додека зборувате или ќе седне од  истата страна со вас кога сте излезени, тоа е сигурен знак дека сака да ве запознае подобро, и не како пријател.

2. Зборува тивко

Доколку маж ви зборува тивко, тоа значи дека она што го има да го каже треба да го чујат само вашите уши. Ова е одличен знак, зашто мажите никогаш не споделуваат тајни со жени кои не им се допаѓаат. Ако сакате сигурно да дознаете, избегнувајте места каде што има толку голема бучава што мора да се надвикувате.

3. Го смекнува ставот

Мажите се држат до својот мажествен став (цврст ôд, подигнати раменици, исправен грб, крената брада) за да ги привлечат жените оддалеку. Но, штом се приближат, ќе го смекнат ставот и ќе се опуштат – само доколку се чувствуваат безбедно и пријатно во друштвото на жената.

4. Зборува бавно

Покрај тивкото зборување, кога на маж му се допаѓа жена, тој почнува да зборува и бавно. Така е затоа што сака секој збор да биде разбран и со него да остави впечаток.

5. Не може да го оттргне погледот

Ако погледот речиси постојано му е вперен во вашиот (и ако тоа не се претвори во психопатско зјапање), тоа е сигурен знак дека му се допаѓате.

Не му се допаѓате кога:


1. Стои на еден метар

Ако е постојано на еден метар или повеќе (свесно или потсвесно) ви соопштува дека не чувствува ништо за вас во романтична смисла.

2. Стои под остар агол во однос на вас

Обично кога разговараме со некого, аголот помеѓу соговорниците е остар (ниту прав, ниту рамен), а главата е свртена кон оној кому му се упатени зборовите. Доколку мажот не е свртен целосно кон жената со која разговара, тогаш не е заинтересиран и тоа само уште еден разговор.

3. Ви зборува како да сте во канцеларија

Доколку мажот зборува со брзо темпо и силен глас и не му е грижа колку долго ќе трае состанокот, тогаш многу е веројатно дека сака да останете пријатели. Од друга страна, некои мажи сакаат да ги испитаат жените на првите состаноци, за да видат дали има нешто што ќе им се допадне; но, доколку ова продолжи и по две-три видувања, вестите се лоши.

4. Зјапа во вашата уста

Доколку мажот го фиксира погледот во устата, тоа значи дека по секоја цена се обидува да го избегне контактот со вашиот поглед, т.е. не е заинтересиран за вас. Доколку пак погледот му бега под главата, тогаш дефинитивно е заинтересиран, но на многу куси патеки.

5. Не е синхронизиран со вашиот говор на телото

Кога маж е освоен од жена, почнува да ги имитира нејзините гестови во текот на разговорот. Доколку сакате да го тестирате, приближете му се поблиску, искористете ги рацете за да покажете дел од она што го говорите итн. Доколку тој не направи нешто барем слично на тоа што сте го сториле и доколку при вашето приближување се тргне чекор назад, тогаш можете да бидете сигурни дека: или е зафатен или едноставно незаинтересиран. [5 signs he’s into you]

- Реклама -