Како да се заштитите од малверзации со банкоматите

БанкоматНа многумина им се случило да им снема пари од сметката во банка, а средствата најчесто се извлекуваат преку банкоматите, зашто тие се најранливата точка од обезбедувањето. Еве неколку совети како да се заштитите од малверзации со банкоматите.

На многумина им се случило да им снема пари од сметката во банка, а средствата најчесто се извлекуваат преку банкоматите, зашто тие се најранливата точка од обезбедувањето. Еве неколку совети како да се заштитите од малверзации со банкоматите.

Банкомат1. Прекријте ја раката кога го впишувате ПИН-от

Кога ќе го внесувате бројот за лична идентификација (ПИН), проверете дали некој ве гледа од позади. Дополнително, покријте ја раката со која го впишувате бројот. Во последно време зачестено е поставувањето шпиунски камери со кои се крадат броевите од корисниците. Но, доколку никој не го знае бројот, ќе нема пристап до вашата сметка, дури и ако ви ја украдат картичката или ви ја прочитаат со читач вметнат во слотот.

2. Користете ги познатите банкомати и ограничете ги посетите

Банкоматите кои се наоѓаат на прометни и осветлени места, а особено оние што во рамките од банки се помалку подложни на малверзации, затоа што обезбедувањето е на повисоко ниво. Нормално, колку поретко ги користите банкоматите, толку се помали шансите да бидете жртви на малверзација.

3. Почесто проверувајте си ја сметката

Доколку на време не пријавите кражба на пари, тогаш нема да имате шанси да си ги повратите парите. Проверете дали вашата банка има опција да ве извести кога од сметката ќе бидат подигнати сомнителни суми пари.

4. Набљудувајте го банкоматот

Пред да го употребите банкоматот, посветете внимание на деталите. На брзина погледнете ја рамката за да бидете сигурни дека нема никакви неовластени додатоци, а потоа погледнете го слотот. Ако нешто не е во ред кога ја ставате картичката, тогаш откажете се и отидете на следниот банкомат. 10 минути повеќе можат да ви заштедат многу пари.

- Реклама -