И мажите имаат своја менопауза

Слабеење на мускулите, проблеми со мокрењето, недостиг на енергија, нервоза и депресија, како и сѐ поретки ерекции и опаѓање на сексуалната желба се типични симптоми на андропаузата.

Мускулите почнаа да ви слабеат, кожата да се стенчува, забележувате дека ви се таложи масно ткиво и дека постепено станувате сѐ подебели, а само што наполнивте 40 години. Вашите најлоши соништа се остваруваат. Верувале или не, мажите, исто како и жените во тие години, полека влегуваат во фаза на климактериум и симптомите на таа состојба се и тоа како очигледни и кај нив.

Машката верзија на менопауза ќе ја препознаете по појавата на проблеми со мокрењето, ако енергијата ви е на минимум, ако сте депресивни, нервозни, ерекциите ви стануваат сѐ поретки, а сексуалниот апетит се послаб.

Докторите велат дека од таканречената андропауза се погодени пред сѐ активните и моќни мажи.

Andropause

Андропаузата е собир на симптоми кои првенствено ги карактеризираат постепен пад на лачење на тестостерони и намалување на нивната концентрација во крвта. Тоа се случува по 40 тата година, со тоа што симптомите се јавуваат потоа, а и повеќето мажи стануваат свесни на промените дури меѓу 50 и 60 година. За разлика од жените, кај кои промената на хормонскиот статус е нагла, а нус појавите драматични, мажите низ климактериумот поминуваат во текот на повеќе години и полека се навикнуваат на новата состојба.

Мажите оваа состојба најчесто му ја припишуваат на стареењето и поради тоа не одат на лекар, ниту се обидуваат да делуваат на симптомите, што доведува до тоа психичките проблеми неретко да се продлабочат и да станат тешко поправливи.

Инаку, некои психиччки состојби кои ја пратат андропаузата се намалување на самодовербата и мотивацијата, честа промена на расположението, слично како и кај жените во тој период, чувство на страв, слаба концентрација и заборавеност.

Нездравите навики го забрзуваат влезот во климакс

Нивото на тестостерони на годишно ниво во просек опаѓа за 1 процент, така што кај 70-годишниците може да биде намален дури за 50%. Стареењето е главна причина за намалување на количината на хормони во организмот на мажите, но оваа појава може да ја забрзаат и нездравите животни навики како претерано конзумирање алкохол, пушење или стрес. Покрај тоа на неа влијаат и многу болести.

 

- Реклама -