Торта со малини

Летото е идеално за овошни торти. Оваа торта ќе изгледа толку убаво и е навистина штета да ја исечете. Но, вкусот е уште поубав. Па… и нема да ви биде толку жал ако ја снема.

Lemon_Raspberry_Pudding_Bars300Состојки: 2 јајца, 9 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 7 лажици зејтин, 10 лажици брашно, 1/3 прашок за пециво, 1 лажица какао во прав, 10 лажици млеко, 2 лажици мармалад или желе од малини, 100-150г малини, 200мл слатка павлака за шлаг, 250г јогурт, 2 лажици шеќер во прав, неколку капки екстракт од лимон

Подготовка: Со миксер изматете ги жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер. Постепено додавајте ги зејтинот и млекото, а на крај и брашното, прашокот за пециво и какаото. Од белките сматете цврст снег и измешајте го во смесата.

Смесата ставете ја во калап за торта кој претходно сте го намачкале со малку маргарин и сте го наросиле со малку брашно. Печете на 180 степени Целзиусови во претходно загреана рерна. По 15 минути, кога тестото ќе почне да се одвојува од калапот, извадете го од рерна.

Оладеното тесто ставете го на чинија за торта, премачкајте со мармалад и рамномерно по него распоредете ги малините. Преку малините додајте го кремот од цврсто сматените слатка павлака за шлаг, шеќерот во прав, лимоновиот екстракт и јогуртот.

Украсете по желба и оставете ја барем два часа во фрижидер да се олади и стегне.

Добар апетит!

- Реклама -