Дали организациската директорка на Токсикологија го има ангажирано својот татко како преведувач, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Што презема организациската директорка за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари. Дали воопшто таа доаѓа на работа и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија. Дали е точно дека таа одбива да го потпише осигурувањето на опремата на клиниката и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените“, велат од Комисијата за зравство на оваа партија

Дали организациската директорка на Клиниката за токсикологија го има ангажирано својот татко како преведувач и доколку е тоа точно, дали тој за овој ангажман добива надоместок и која е сумата на истиот.

Ова е едното од прашањата кое попладнево преку соопштение го поставија од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека негативната селекција и непрофесионализмот како на оваа клиника, така, како што велат и на ниво на целокупното јавно здравство во земјата, продолжува на штета на пациентите.

Оттаму велат дека министерот за здравство го разрешил медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија без конкретни образложенија, наместо тоа да го направи за организациската директорка, за која, посочуваат дека има низа забелешки за нејзината работа.

„Што презема организациската директорка за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари. Дали воопшто таа доаѓа на работа и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија. Дали е точно дека таа одбива да го потпише осигурувањето на опремата на клиниката и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените“,

прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот од соопштението се посочува дека ваквото незаконие за среќа завршува, како и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја укине функцијата организациски директор на клиниките.

Министерот за здравство во техничката влада Илир Демири го разреши директорот на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски, кој на оваа функцијата беше поставен на 15 декември минатата година.

Инаку, најава за разрешување на Петровски од функцијата имаше уште на 22 април, но од Министерството за здравство велат дека тоа не го направиле пред изборите за да не се поттикне нетрпение по национална основа.

Тогаш за економската директорка Бесија Иљази, рече дека нема констатирано ниту едно прекршување, иако ја испитувал состојбата три недели.

Рената Младеновска, директорката на ДСЗИ, одговарајќи на новинарско прашање дали во текот на инспекциските надзори имале комуникација со организациската директорка и дали користеле преведувач, таа одговори потврдно.

„Да, и во двата случаи на инспекциски надзор користевме преведувач. Организацискиот директор не го зборува македонскиот јазик, користи преведувач“,

рече тогаш директорката на ДСЗИ.

- Реклама -