Како да импресионирате на интервју за работа со неврзан разговор

ИнтервјуЗа да го импресионирате оној кој ве интервјуира за работа, не мора секогаш да имате неверојатни способности или пак квалификации токму онакви какви што бараат. Доволно е да умеете да ги покажете своите способности за водење неврзани разговори. Проверете како.

За да го импресионирате оној кој ве интервјуира за работа, не мора секогаш да имате неверојатни способности или пак квалификации токму онакви какви што бараат. Доволно е да умеете да ги покажете своите способности за водење неврзани разговори. Проверете како.

ИнтервјуЗа да бидете интересни, изгледајте заинтересирано

Оној што ве интервјуира, најчесто го започнува интервјуто со неврзан разговор: за да ве опушти, да види како се снаоѓате под притисок или воопшто да ги процени вашите социјални способности. Дури и ако темата ви е далечна, вклучете се во разговорот и однесувајте се како тоа да е најинтересното нешто што сте го чуле. Запомнете, неврзаните разговори се важни за врските меѓу луѓето, не за содржината, таа е таму чисто колку да се каже нешто.

Држете се до безбедни теми

Секако, зборувањето за „времето денес“ е едно од најголемите клишеа, но сте заебележале ли дека никој никогаш не се откажува од таа тема? Ниту пак од сообраќајот, јавниот превоз и сите вечни проблеми. Затоа, држете се до некоја безбедна тема. Како спорт на пр. А, ако оној наспроти вас се обиде да ве вовлече во некоја опасна тема како политика или религија, не велете ништо! Насмевнете се или сменете ја темата. Разговорите на тие теми никогаш не завршуваат добро, особено кога иднината ви зависи од соговорникот.

Слушајте повеќе одошто зборувате

Ако не сакате да одговорите на некое прашање од погоре наведените небезбедни теми (или ним сличните), а соговорникот инсистира на тоа, тогаш ќе кажете дека не сте запознаени добро со проблематиката и ќе го прашате што тој мисли. Потоа само се движите во рамките кои тој ќе ги постави (само внимавајте да не се работи за тест со намерна измама!). Исто така треба да знаете дека сите луѓе се повеќе заинтересирани во она што самите ќе го кажат отколку соговорникот. Затоа, своите одговори направете ги куси и јасни, а нему оставете му простор да зборува колку што сака. Можеби така ќе успее сам да се импресионира.

Не излегувајте од темата

Неврзаните разговори секогаш се надвор од темата. ОК е работодавачот да излезе од темата – него веќе го плаќаат за тоа, но воопшто не изгледа добро кога апликантот ќе се реши да започне таков разговор.

Неврзаниот разговор нека работи за вас (или во најмала рака не му дозволувајте да работи против вас)

Ако на пр. ве прашаат дали лесно сте ја пронашле локацијата, не забегувајте во приказни за тоа како сте се изгубиле, па колкумина сте прашале за упатства итн. Вам можеби ви изгледа смешно, но на тој од другата страна на бирото ќе му изгледа како неспособност. Запомнете – сите нешта што ги кажувате таму, вклучително и неврзаните разговори треба да ве претстават како компетентни, ментално здрави и стабилни личности.

Внимавајте на говорот на телото

Неврзаните разговори не се состојат единствено од тоа што ќе го кажете, туку и од тоа што го правите. Одржувајте контакт со очите (најголемиот дел од времето, но не постојано), насмевнувајте се само кога има нешто што би го предизвикало тоа, остатокот од времето одржувајте смирен изглед, седете исправено, не си играјте со ништо (телефон, пенкало) и во никој случај не правете нервозни тикови (тупкање со стапало, мрдање на коленото, тропкање со раката). Она за што треба да го искористите интервјуто е воспоставување човечки контакт (колку што е можно поискрен), затоа што на крајот на краиштата – тие ќе треба да работат со човекот, а не со неговите професионални способности. Но, ако сте премногу нервозни или невешти глумци, тие ќе ве разоткријат. Затоа – смирено…

- Реклама -