Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ќе ја предводат актерската екипа во „Светот на Јура“


Филмското студио „Universal“ води преговори со Џонатан Бејли за главната улога во новиот блокбастер „Светот на Јура“ (Jurassic World). Скарлет Јохансон веќе ја прифатила главната женска улога во филмот, објаву Hollywood Reporter.

Филмот ќе го режира Гарет Едвардс, а сценариото е на Давид Коеп кој ги напиша и оригиналните сценарија за „Паркот Јура“ .

Франшизата со која беа оживеани диносаурусите е базирана на книгите на Мајк Криктон, а првиот филм Паркот Јура го режираше Стивен Спилберг што беше и револуција во филмската технологија со вклучување на анимациите.

Новото продолжение на франшизата се очекува дека има сосема нови карактери и никаква поврзаност со претходните филмови.

Франшизата „Jurassic Park“ е стара повеќе од 30 години и има заработено 5,67 милијарди долари на глобалниот бокс офис. Оригиналот од 1993 година во режија на Стивен Спилберг беше проследен со две продолженија, „The Lost World“ (1997) и „Jurassic Park III“ (2001). Во 2015 година, „Universal“ ја заживеа франшизата со „Jurassic World“, проследено со „Fallen Kingdom“ (2018) и „Dominion“ (2022).

- Реклама -