10 начини да го изнервирате оној што ве интервјуира

Интервју Впечатокот за некоја личност во најголем дел се формира во првите 90 секунди по запознавањето. Врз него влијаат ставот, гримасите, однесувањето, зборовите, прилично сè што ќе направите. Затоа, следат 10 совети како најефективно да го изнервирате оној што ќе ве интервјуира за некое работно место… или доколку сакате да ја добиете работата, гледајте да ги избегнете долунаведените нешта.


Впечатокот за некоја личност во најголем дел се формира во првите 90 секунди по запознавањето. Врз него влијаат ставот, гримасите, однесувањето, зборовите, прилично сè што ќе направите. Затоа, следат 10 совети како најефективно да го изнервирате оној што ќе ве интервјуира за некое работно место… или доколку сакате да ја добиете работата, гледајте да ги избегнете долунаведените нешта.

Интервју1. Џвакајте мастика! Не дека се работи за нешто страшно, но сепак, покажува непрофесионалност и понекогаш може да биде страшно иритирачки (во зависност од тоа колку гласно џвакате).

2. Виткајте си ја косата!
Ова може да е и потсвесна навика, но ве прави да изгледате детинесто. Прашајте некој близок пријател дали го правите тоа и обидете се да внимавате, ако целта ви е да ја добиете работата.

3. Избегнувајте контакт со очите!
Ова ќе ве направи да изгледате како да криете нешто. Ако гледањето во нечии очи ви е морничаво, гледајте ги во носот – нема да можат да ја забележат разликата.

4. Проѕевајте се!
Иако можеби мислите дека нема начин да го контролирате овој рефлекс, работодавачот ќе го види како знак на здодевност или пак знак дека не сте се наспале пред да дојдете.

5. Играјте си со пенкалото!

6. Проверувајте го телефонот! Ова ќе му покаже што ви е најважно во животот!

7. Грицкајте си ги ноктите!
Едноставно кажано – одвратно!

8. Мафтајте со рацете додека зборувате!
Гестикулирајте при секој збор. И тоа опширно, како да играте пантомима.

9. Потпрете си ја брадата!
Ако некој не се изнервира кога ќе му покажете дека ви е здодевен, тогаш веројатно ништо нема.

10. Смејте се премногу (или воопшто не се смејте)!
Смеењето, како и сите други нешта треба правилно да се дозира. Премалку или премногу и веќе сте успеале во мисијата – сте го изнервирале оној што ве интервјуира за работа!

- Реклама -