Официјално: Касано се пресели во Парма

Парма го потврди ангажманот на Антонио Касано, напаѓачот утре ќе биде презентиран како ново засилување на тимот од Енио Тардини.

По само една година во дресот на Интер, популарниот ФантАнтонио заминува од Џузепе Меаца.

Италијанецот, кој следната недела ќе наполни 31 година, кариерата ќе ја продолжи во Парма.

Тимот од Енио Тардини неколку недели беше во преговори со Интер, ’Нероаѕурите’ го посакуваат 21 годишниот Исак Белфодил и како дел од зделката ги понидија Антонио Касано и Матиас Силвестре.

Дефанзивецот одби да се пресели во Парма, се чинеше дека ваквиот потег ќе ја блокира зделката, но двата клуба успеаа да пронајдат заеднички јазик.

Се очекува Интер да добие 50% од сопственоста на Белфодил, но во овој момент Парма не открива детали и најави повеќе информации за утре кога ќе биде презентиран Касано.

„Фудбалскиот Клуб Парма е задоволен што може да соопшти дека го ангажираше фудбалерот на Интер, Антонио Касано” – гласеше известувањето на ’Џалоблу’.

Сите детали од зделката ќе бидат соопштени денеска за време на презентацијата што ќе се одржи во 18:30.

Касано во Парма ќе го носи дресот со бројот 99.

Текстот е објавен во соработка со 24 Фудбал

- Реклама -