Движење што цел живот го правиме погрешно

Секојдевно нанесувате крема на лицето. Најверојатно никогаш не сте се посомневале дека нешто со вашата рутина е сосема погрешно.

Вообичаено кремата за лице ја нанесуваме со размачкување со прст. Експертите велат дека тоа е погрешно. За подобар ефект кремата треба да ја „втапкате“ на кожата. Особено на одредени делови на лицето.

„Тапкањето е понежно затоа што не ја растегнува кожата како што се слчучува кога ја размачкувате кремата со прсти. Оваа техника особено е препорачлива за подрачјето околу очите поради ситните бори. Освен тоа, со тапкањето на кремите околу очите потешко ќе го нарушите лимфниот систем“, велат дерматолозите.

Со тапкање ќе ја нанесете кремата рамномерно и таа подлабоко ќе продре во кожата.

Кремата на подрачјето околу очите тапкајте ја од внатрешниот агол на окото кон надворешниот. Потоа кремата за лице нанесете ја од вилицата кон горе или од линијата на носот кон надворешните работи на лицето.

- Реклама -