10 најдобри афродизијаци

10_afrodizijaci_intro.jpg Моќта на афродизијаците секогаш го привлекува вниманието, а овде ги имате десетте што најдобро го задоволуваат гладот за задоволство. Со секој афродизијак добивате и предлог рецепт за вкусен почеток на уживањето.

Моќта на афродизијаците секогаш го привлекува вниманието, а овде ги имате десетте што најдобро го задоволуваат гладот за задоволство. Со секој афродизијак добивате и предлог рецепт за вкусен почеток на уживањето.

berries-shlag.jpg
Шумско овошје

Шумските јагоди, малини и капини се многу богати со витамините Ц и Е – вистински двигатели на сексуалниот нагон. Рибизлите и боровниците се полни со Б витамини и овозможуваат нормално функционирање на бубрезите, без што сексот нема да биде тоа што сакате да биде.

Секси појадок: Чинија свежо шумско задоволство (со или без шлаг), а ако нема свежи, направете палачинки со џем од шумско овошје.pecivo_semki.jpg

 

Семки од тиква

Масните киселини и цинкот од семките не само што ја одржуваат млада вашата кожа и коса, туку и вашето либидо.

Секси појадок: Било какво пециво попрскано со семки од тиква.


Интегрални (нерафинирани) житарки
porridge.jpg

Заменете ги белиот леб, ориз и тестенини за нивните интегрални двојници. Ваквата храна содржи витамин Б кој директно ја поттикнува сексуалната желба. А со оглед на тоа дека нерафинираните житни производи се и диетални, ќе исчезне вишокот килограми, ќе се зголеми самодовербата, а поради тоа ќе се чувствувате и посекси.celer_sos.jpg

Секси појадок: Житна каша со сецкана банана, полумасно млеко, една шака шумско овошје и малку семки од тиква. Ако сакате пософистициран оброк може да направите мали тост сендвичи со препечен црн леб со чаден лосос.

Целер

Можеби не изгледа примамливо, но целерот го стимулира мозочниот дел кој ги контролира т.н. секс хормони.

Секси ужинка
: Целер и чипс со сос.

losos_dinstan.jpgЛосос

Лососот е одлична основа за некоја романтична вечера по која ќе следуваат интензивирани оргазми. Омега 3 масните киселини го креваат нивото на допамин – невротрансмитер што ја поттикнува желбата, но и го засилуваат протокот на крв се` до гениталиите.

Секси вечера
: Динстан лосос со било каква комбинација на зеленчук.

Спанаќspanak_recept.jpg

Богат со витамин Б6 и фолна киселина, кои се клучни во создавањето на т.н. секс хормони, како и цинк за екстра страст.

Секси вечера:
Салата од спанаќ, тестенини со сос од спанаќ, риба со крем сос од спанаќ или рижото со спанаќ. Се` е вкусно!

Авокадо

orange_and_avocado.jpgОва божествено овошје е богато со витамин Е, важен фактор за здрави и убави коса, кожа и нокти, но и клучен фактор за зголемена сексуална желба и плодност.

Секси вечера
: Салата од авокадо и портокали
Исцедете сок од 3 портокали (2/3 од една чаша), а потоа во половина од исцедениот сок од портокал ставете една лажица свеж ѓумбир, 3 лажици диетален мајонез, 1 лажичка сенф, 2 лажички мед и малку сол и бибер. Исецкајте две авокада и додајте ги во сосот од ѓумбир и мед. Додајте две ситно сецкани главици црвен кромид, една лажица сецкани ливчиња нане и една лажица коријандер, и промешајте ги сите состојки. Во длабок сад ставете сецкана марула, 1 лажица маслиново масло, останатата половина од сокот од портокал и додајте ја подготвената смеса. За крај, исецкајте еден портокал и додадете го во салатата. almond_ice_cream.jpg

Бадем

Вкусен и полн со есенцијални масни киселини кои го одржуваат здравиот баланс на секс хормоните. Потпечените бадеми се богати и со манган, кој го чува здравјето на репродуктивните органи.

Секси појадок, ужинка, десерт или вечера
: Неколку бадеми или сладолед од бадеми попрскан со сецкани бадеми.
banana-split.jpg

Банани

Бананите ќе ја подобрат вашата изведба во кревет, а ќе ве обезбедат и со калиум и Б витамини – од витално значење во лачењето на секс хормоните.

Секси десерт: Банана сплит (со црно чоколадо и сецкани бадеми)

full-chocchocchippancakes.jpg

 

Црно чоколадо

Една од состојките во црното чоколадо е позната како „љубовна дрога“ затоа што го забрзува пулсот и го поттикнува мозокот да мисли дека почнува да се вљубува.

Секси десерт
: Чоколадни палачинки со сос од темно чоколадо, уште подобро ако користите кафеав шеќер во рецептот.

- Реклама -