Галатасарај во преговори со Микел

Галатасарај го потврди интересот за Џон Оби Микел од Челзи, преговорите се во тек.

Медиумите во последните неколку дена говорат за можноста репрезентативецот на Нигерија да ја продолжи кариерата во Турција.

Жозе Мурињо планира да го реорганизира Челзи и Џон Оби Микел е еден од играчите на кој ќе му биде дозволено да замине.

Во разговор со Sabah, претседателот на Галатасарај, Унал Ајсал потврди дека тие сакаат да го ангажираат фудбалерот од средниот ред.

„Заинтересирани сме за Микел, преговорите се во тек” – рече Ајсал.

Претходно, самиот играч призна дека не знае што носи иднината.

„Имам четиригодишен договор со Челзи, но во фудбалот никогаш не знаете што носи иднината” – рече Микел.

„Еден ден сте тука, следниот можеби ќе заминете”.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал

- Реклама -