Најбезболна домашна депилација

Ако не сте задоволни со начинот на отстранување на влакната што моментно го применувате време е да ја испробате најефикансата и најбезболната египетска депилација.

Едноставниот начин на отстранување на влакната може да го направите сами дома со паста за која ви се потребни само 3 состојки.

Депилацијата со шеќерна паста или египетска депилација веројатно е најблиска на онаа со восок, но нејзината предност е во тоа што дека за нанесување не се потребни ленти, а што е најважно нема недостапен дел од телото.

Посебно се препорачува за чувствителна кожа затоа што не предизвикува црвенило и иритација, а делува антиалергиски. Оваа сосема природна, лесно применлива и најбезболна депилација ја практикувала и Клеопатра.

Еве како лесно да ја направите пастата за депилација:

Состојки:

2 чаши шеќер, 1/4 чаша вода, 1/4 чаша лимонов сок

Подготовка и употреба:

1 чекор: Исцедете лимон и процедете го со газа за да не останат ситни парчиња од овошјето. Во тенџере ставете го шеќерот и топете го на лесен оган со непрекинато мешање

2 чекор: Во растопениот шеќер додајте ги водата и сокот од лимон, па на тивок оган гответе околу 5 минути додека смесата не добие златна, помалку црвенкаста боја. Така подготвената паста ставете ја во керамички сад и оставете ја малку да се олади, но не премногу туку до таа мерка за да може да ја фатите во рака

3 чекор: Кога шеќерната паста ќе се олади земете количина колку мал орев и со раце обликувајте топче. Пастата развлечете ја со раце додека не стане светла. Со рака нанесувајте ја на подрачјето од кое сакате да ги отстраните влакната и тоа со прстите во спротивна насока од растот на влакната додека, пак, важно е пастата да ја отстранувате енергично во насока на растот на влакната.

Совет: За да ја одржите температурата на пастата чувајте ја во помал сад ставен во поголем сад со топла вода.

- Реклама -