Чистење мински полиња со смартфон

деминирањеМините и понатаму се еден од најопасните остатоци од војните на дваесетиот век, и понатаму ги отежнуваат преселбите и опоравувањето на многу поранешни воени зони. И иако протоколите за чистење на мински полиња се значително подобрени по Втората Светска Војна, технологијата за нивно откривање се нема променето многу.

Деминерите користат детектори на метал за наоѓање и идентификување на мините. Но на бојно поле полно со метални остатоци, разликувањето помеѓу опасни мини и обични конзерви, жици и чаури одзема многу време. Сега, научници од Школата за Инженерство и Применети Науки (SEAS) од Харвард дизајнирале елегантен систем кој преку смартфон може да им помогне на хуманитарни деминери преку подобрување на информациите кои ги добиваат од детекторите за метал.

Нивниот систем, познат како “Pattern Enhancement Tool for Assisting Land Mine Sensing” (PETALS), го води напредокот во деминирањето во нова насока. „Сакаме да ги подржиме луѓето кои се на терен со минимални промени. Без да им го менуваме стилот на чистење, без да им додаваме нови процедури, оваа технологија ќе им овозможи подобра визуелизација на она што го детектираат“ објаснува Лахиру Џајатилака, истражувач од SEAS кој работи со професорот Крижтоф Гајос од SEAS, Џејмс Стажевски од Карнеги Мелон Универзитетот и Лука Бертучели од Институтот за Технологија од Масачусетс (MIT).

На терен деминерите преминуваат мали делови од полето со детектор за метал во потрага по мини. Кога детекторот ќе помине над метален објект, тој испушта звучен сигнал. Искусните деминери можат да го визуелизираат овој звучен фидбек, создавајќи претстава за обликот на предметот во својата глава. Системот дизајниран од Џајатилака и Гајос прикажува една црвена точка за секој звучен сигнал од детекторот. Со секое поминување над закопан предмет се создава поцелосна слика за неговиот облик, што на деминерот му овозможува уште подетална слика за она што е закопано на таа локација.

„Користењето само на звучни сигнали е голема неефикасност. Операторот мора да открие дали предметот е штетен или безопасен. Ако не се целосно сигурни тие мора да легнат на земја и да го ископуваат секое парче метал како да е мина“ објаснува Џајатилака. Најголем дел од хуманитарните програми за деминирање оперираат во земји во развој каде што ресурсите се ограничени.

Еден од предизвиците за Џајатилака и Гајос било дизајнирањето на евтин систем за кој е потребно минимално одржување. Нивното решение се фокусира на евтина секојдневна платформа: смартфон. Конечната верзија на PETALS е дизајнирана да работи на нормална мобилна направа како iPhone, која може да биде приклучена на детекторот за метал.

Покрај зголемувањето на ефикасноста на барањето, PETALS има потенцијал и во тренирањето на нови деминери. Во првичните тестови, новите деминери имале 80 проценти подобри резултати со визуелна помош. Џајатилака посочил и дека тренирањето со визуелна помош им помага на новите деминери да ги разберат принципите на препознавање мини побрзо, што им овозможува да добијат повеќе од тренингот.

„Подобрувањето на деминерот наместо на опремата е нов начин на размислување за технологијата за расчистување мини. Тоа е нова насока за ова поле.“ [Targeting leftover land mines]

- Реклама -