80 заби извадени од горната вилица на седумгодишно момче

Во петокот на едно момче од Индија од гораната вилица со помош на оперативен зафат му биле извадени 80 заби, пренесува „The Times Of India“.

Хирурзите после цели четири часа оперирање, успеле од седумгодишното момче по име Вивек да го извадат вишокот заби, во болницата во градот Индор.

„Пациентот не посети пред пет дена, со апцесија во горната вилица. После прегледот беше утврдено дека има одонтом. Испланиравме операција и отстранивме 80 заби после чистењето на апсцесот, кој ретко се појавува на така рана возраст“, изјавил докторот Бахрат Махешвари.

Одонтомата е редок вид на тумор кој ја напаѓа вилицата и непцата и се јавува во вид на згусната структура налик на заби.

Минатото лето, исто така во Индија, на едно момче му беа извадени рекордни 232 заби.

- Реклама -