8 нешта што не сте ги знаеле за сништата

СонЕдно од нештата што се заеднички за сите луѓе на планетава се сништата. Сепак, тоа веројатно е најнеистражената територија поврзана со човечкиот род. Ви го пренесуваме она што експертите до сега го имаат откриено, а веројатно не сте го знаеле.

Едно од нештата што се заеднички за сите луѓе на планетава се сништата. Сепак, тоа веројатно е најнеистражената територија поврзана со човечкиот род. Ви го пренесуваме она што експертите до сега го имаат откриено, а веројатно не сте го знаеле.

Сон1. Сонувањето може да ви помогне во учењето

Доколку учите за испит или пак се обидувате да научите некоја нова вештина, подобро е да си легнете и да се одморите, отколку да поминете еден час повеќе со книгата. Ова се должи на фактот што при сонувањето мозокот подобро ги процесуира, интегрира и разбира новите информации. Дополнително, за да го подобрите квалитетот на сонот, намалете ја бучавата од телевизорот, компјутерот и сл.

2. Најчестиот сон – вашиот партнер ве мами

Ако некогаш сте се разбудиле од сон во кој сте го виделе вашиот партнер како ве мами со некој друг, тогаш не сте сами. Според спроведените анкети, ова е еден од најчестите кошмари кај луѓето и речиси никогаш нема директна врска со некој таков настан. Истиот потекнува од стравот од останување сам.

3. Можете да имате неколку, па дури и десетици сништа во една ноќ

Речиси никогаш не сонуваме еднаш во текот на ноќта. Секогаш се работи за повеќе сништа, но најчесто не памтиме поголем дел од нив. Исто така, како што одминува ноќта, времетраењето на сништата се зголемува. Првиот сон, по заспивањето, обично трае 5 минути, а последниот, пред будењето, трае од 45 минути до 1 час. Во текот на еден просечен човечки живот, се сонуваат околу 100 илјади сништа.

4. Можете да останете во сонот и по будењето

Ви се случило некогаш да се разбудите од толку убав сон што сте посакале да заспиете одново, за да го продолжите уживањето? Сонот можете да го запамтите, а сѐ што треба да направите е да останете во истата положба во која сте се разбудиле. На тој начин ќе го продолжите чувството барем уште 5 минути, а истото ќе прекине кога ќе ја смените положбата во која сте спиеле.

5. Дури и чудните соништа можат да се протолкуваат

Ако имате сон кој е сосема нелогичен и неповрзан, не го отфрлајте туку-така. Експертите препорачуваат да размислите за истите и да се потсетите на емоциите кои ви се будат во текот на чудните слики што ги гледате. Тие слики, иако крајно неповрзани и бесмислени, сепак се само симболи за некои проблеми што ве мачат.

6. Сништата што се повторуваат веројатно се обиди на вашиот мозок да ви соопшти нешто

Секогаш кога ќе ви случи еден ист кошмар да ви се повторува, треба убаво да размислите на што се должи тоа. Еден од најчестите кошмари се поврзани со кршење или паѓање на забите. Забите и устата ги симболизираат зборовите, па ако внимавате на ваквите кошмари, тоа ќе ви овозможи да го подобрите начинот на кој комуницирате.

7. Можете да ги контролирате сништата

Според една анкета, 64,9% од луѓето изјавиле дека се свесни дека се наоѓаат во сон, а 34% рекле дека можат да ги контролираат своите сништа. Иако луцидното сонување не е нешто што секој знае да го прави, сепак се работи за вештина што може да се совлада. Ова е особено корисно за луѓето што страдаат од постојани кошмари, затоа што ќе можат полека да се ослободат од нив и да ги насочат сништата кон некои помирни води.

8. Не мора да спиете за да сонувате

Можете да сонувате насекаде и тоа будни. Будното сонување се постигнува со тоа што прво се потсетувате на некој сон (препорачливо убав сон), а потоа едноставно го враќате во живот. Ова техника може многу да ви помогне да се релаксирате. [8 Things You Didn’t Know About Dreams]

- Реклама -