Google го претстави својот Nexus One супер-телефон

Google-Nexus-One-Smartphone-Official-Image-3Google го претстави својот телефон Nexus One развиен во соработка со производителот на телефони HTC, со што и официјално влезе на смартфон пазарот.

Google го претстави својот телефон Nexus One развиен во соработка со производителот на телефони HTC, со што и официјално влезе на смартфон пазарот.

Google-Nexus-One-Smartphone-Official-Image-3

Nexus One работи на последната 2.1 верзија од оперативниот систем Android. Преку него, корисниците ќе можат гласовно да ги внесуваат командите, мејловите, текстуалните пораки, твитовите и веб пребарувањата. Телефонот ќе ја поништи и буката со помош на двата микрофони кои се поставени за подобар квалитет и препознавање на говорот.

Тука се и многуте виџети кои се врзуваат со вашите социјални профили и ќе може лесно да ги извлечат сите ваши контакти и информации.

Отклучен и без договор, телефонот чини $530, што е многу повеќе од она што се очекуваше на почетокот од неговата развојна фаза. Неговата цена е многу блиска до онаа на iPhone, па затоа многумина се разочарани бидејќи очекуваа нешто поразлично и поевтино што сериозно ќе ги разниша позициите на останатите смартфони.

Сепак, спецификациите се импресивни: тежина од 130 грама, 1-GHz Qualcomm Snapdragon процесор, 3.7 инчен AMOLED дисплеј со резолуција 480x800px, 5 мегапиксели камера со блиц, 512МB RAM и ROM, microSD слот со меморија до 32GB (доаѓа со картичка од 4GB), a на позадината има и метална плочка како кај iPhone за гравирање на вашето име.

На официјалниот сајт google.com/phone може да погледнете повеќе информации за хардверот и апликациите (кликнете на некоја од менито). Покрај техничките спецификации, на сајтот има и 3Д слика од уредот.

Пред да решите да го купите кога ќе пристигне во Македонија, не заборавајте да ја погледнете и оваа рецензија.

Видео презентација
{youtube}I6COwgigJ-g{/youtube}

Flash плеер 10.1 на Google Nexus One
{youtube}vlWOocHwcLo{/youtube}
- Реклама -