788 активни случаи на ковид во Аеродром, првпат над 700 пациенти во болниците

Утрово во болниците низ земјава имало вкупно 702 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, според соопштението на Министерството за здравство. Ова е највисока бројка досега од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа на Инфективната клиника примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 154, од кои на кислородна поддршка се 117. Нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 позитивни и 2 суспектни деца на Ковид-19 и 11 возрасни пациенти, позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 21 прием, а вкупно хоспитализирани се 76 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 66, а во болницата во Штип се 54 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кичево и Кавадарци се хоспитализирани 332 позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По дијагностицираните 1085 нови случаи во земјава во последните 24 часа, што е најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата, на ниво на државата има вкупно 9847 активни случаи на Ковид-19.

4584 се во главниот град, а и натаму предводи општина Аеродром со речиси 800 активни случаи, додека Гази Баба и Карпош се доближуваат до „границата“ од 700. Состојбата во Скопје изгледа вака:

• Чаир – 233
• Гази Баба – 671
• Аеродром – 788
• Карпош – 682
• Центар – 592
• Кисела Вода – 588
• Ѓорче Петров – 388
• Бутел – 227
• Шуто Оризари – 48
• Студеничани – 20
• Сарај – 35
• Арачиново -9
• Илинден – 101
• Сопиште – 40
• Чучер Сандево – 24
• Петровец –30
• Зелениково -16
• Странец – 41
• Нераспределен- 105

Дистрибуцијата на активни случаи по градови, изгледа вака:

• Скопје 13621, активни 4584
• Куманово 2313, активни 439
• Дебар 345, активни 67
• Штип 1683, активни 281
• Прилеп 1349, активни 494
• Тетово 2198, активни 547
• Струга 833, активни 115
• Велес 772, активни 380
• Битола 698, активни 279
• Охрид 715, активни 250
• Кавадарци 512, активни 211
• Гостивар 1216, активни 213
• Гевгелија 399, активни 192 (18 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 66 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 956, активни 553
• Крива Паланка 242, активни 92
• Радовиш 239, активни 83
• Крушево 30, активни 9
• Кочани 718, активни 229
• Пробиштип 203, активни 67
• Демир Хисар 84, активни 18
• Македонски Брод 105, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 211, активни 50
• Валандово 108, активни 42
• Виница 181, активни 70
• Делчево 256, активни 125 (64 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 54, активни 24
• Свети Николе 486, активни 90
• Кичево 579, активни 179
• Ресен 248, активни 64
• Неготино 158, активни 83 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

 

- Реклама -